Го отстраниле од авион оти решавал равенки

Објавено  May 13, 2016

Тагови: математика, наука, образование

Италијанскиот Професор по економија Гуидо Менцио бил замолен да го напушти авионот и испрашан од безбедносните служби заради математичка равенка

Професорот кој патувал на конференција во Онтарио, Канада подготвувал предавање кое содржело решавање на комплицирании диференцијални равенки и решил да го искористи слободното време за да го повтори материјалот правејќи пресметки на лист хартија. За негова несреќа, на некоја сопатничка, тоа ѝ личело на шифрирани пораки, па решила да го пријави "сомнителното лице". Изгледа не помогна ни фактот што човекот имал брада и релативно темен тен, па највероватно на жената ѝ наликувал на терорист.

Професорот бил задржан и испрашуван од безбедносните служби цели два часа, пред да биде ослободен. Патничката која го пријавила случајот решила да не го продолжи патувањето од безбедносни причини.

Ова нека послужи како поука за идните генерации за опасностите од учење математика.

Photo credit: OfiPlus/Shutterstock

              

 Нај гласани »    Овој месец    Вкyлно

Оди горе