Ова се најпријателските земји во светот за туристи
Објавено  May 06, 2013
Македонија се наоѓа на 4-то место на листата на најпријателски земји за туристи. Првото место му припаѓа на Исланд
Новиот извештај за компетитивност во туризмот објавен од Светскиот економски форум ги посочува 10-те најпријателски земји за туристи во светот. Земјите се ранкирани според неколку фактори, како конкурентност во туристичката индустрија, природни ресурси, превоз, безбедност и однос на локалното население кон туристите. Од вкупно 140 земји кои беа рангирани меѓу 10-те најдобри се најдоа: 1. Исланд 2. Нов Зеланд 3. Мароко 4. Македонија 5. Австрија 6. Сенегал 7. Република Ирска 8. Босна и Херцеговина 9. Португалија 10.Буркина Фасо Извештајот ги посочува и 10-те најмалку пријателски земји: 1. Боливија 2. Венецуела 3. Русија 4. Кувајт 5. Латвија 6. Иран 7. Пакистан 8. Словачка 9. Бугарија 10.Монголија