Сребрен медал за Македонија на светското првенство во куглање во Унгарија
Објавено  Jun 05, 2013
Македонија загуби од унгарија во големото финале со 7:1 и се закити со сребрен медал. Досега највисок пласман на македонската репрезентација на едно светско првенство.
Македонската кугларска репрезентација забележа извонреден успех на Светскотот првенство во куглање освојувајќи го сребрениот медал. Ова е досега највисок пласман на нашата репрезентација, која ги најави амбициите за висок пласман уште со победата нас Австрија во четвртфиналето со 6:2. Пласманот во големото финале беше обезбеден со победата над поранешниот светски првак Србија со 5:3. Единсвениот пораз Македоја го доживеа против домаќинот Унгарија со 7:1 во финалниот натпревар во кој новиот шампион забележа и светски рекорд со 4012 соборени кегли. Првенството се одржа во Залаегерњег, Унгарија од 15-ти до 25-ти Мај, а Македонија ја претставуваја Дамир Фучкар, Бојан Влаќевски, Сашо Трпковски, Александар Соколовски, Борис Бенедикт и Урош Штоклас. Македонија е воедно и најголемото изненадување на ова првенство, иако пласманот е целосно заслужен и се темели на неколкугодишна континуирана работа на овој состав. Нашата репрезентација на ова првенство ги совлада уште и Црна Гора со 7:1 , Полска 7:1 со и Чешка со 7:1.