Глобални протести против генетски модифицирана храна
Објавено  Jun 05, 2013
Повеќе од 400 града низ целиот свет се приклучија на протестите. Претставниците на Монсанто тврдат дека не постојат докази за штетноста на ГМО храната
Масовни протести против генетски модифицираната храна се одржаа во повеќе од 400 градови во 52 земји низ светот. Протестот беше насочен кон проиводителите на генетски инжињирани семиња, како американскиот гигант Монсанто. Критичарите на овие технологиите за производство на ГМО семиња тврдат дека оваа храна може да предизвика сериозни здравствени ппроблеми и да ја загади околината. ГМО семиња се многу агресивни и доволна е само мала количина за да ги контаминира традиционалните посеви. Претставниците на Монсанто стојат на ставот дека нивната технологија е потполно безбедна и значително ја зголемува продуктивноста на посевите, а со тоа доведува и до заштеда на вода и енергија. Американската влада и голем број научници го делат истиот став. Производителите на органска храна и загрижените корисници инсистираат на задолжително етикетирање на ГМО храната, што не наиде на позитивен одговор од американската администрација за храна и лекови. Лоби групите на Монсанто во американскиот сенат тврдат дека етикетирањето ќе ги наведе корисниците да помислат дека производите се штетни, иако за тоа нема докази. Сепак, во Европа Монсанто и останатите наидоа на посилен отпор од јавноста, а неколку земји веќе ги забранија нивните производи. Ситуацијата отиде до таму што европската гранка на Монсанто трајно го стопира лобирањето за нивните производи, додека некои од конкурентите, како Басф и Сингента, комплетно го напуштија производството на генетски модифицирана храна.
Samo na edno mesto vo svetot e dozvoleno se , a toa ovaa nasa ebana drzava vo koja ne postoe nikakov zakon nitu pa ima koj da provere a i da ima sekako se tupi .