Според пребарувачот Google Македонија меѓу земјите со најголем интерес за кошарката
Објавено  Jul 24, 2013
Македонија на 5-то место според пребарувањето на интернет страниците за кошарка
Ако се верува на статистиката на Google, Македонија се наоѓа на 5-то место во светот според пребарувањето на зборот “кошарка” (basketball), сметано во последните 10 години (слика 2). Првото место на листата, разбирливо, припаѓа на САД. Популарноста на овој спорт во Македодонија се зголеми по успехот на нашата репрезентација на Евробаскетот во Литванија 2011-тата. Тоа може да се заклучи и од фактот што Македонија се наоѓа на второ место според пребарувања на зборот “Евробаскет”, веднаш зад домаќинот Литванија (слика 3). Загрижува фактот што интересот за кошарката е опаднат последнава година, што најмногу се должи на слабите настапи на македонската репрезентација на неколку турнири, посебно турнирот во кинескиот град Куншан од кој нашата репрезентација се врати со 3 порази од послаби репрезентации. Македонија на овој турнир не отпатува во најсилен состав, што сепак остава надеж дека сите недостатоци во играта ќе бидат отстранети пред почетокот на Евробаскет 2013, што ќе се одржи во септември во Словенија.