Македонија со бронзен медал од Меѓународната математичка олимпијада во Колумбија
Објавено  Jul 26, 2013
Бојан Серафимов освои бронзен медал за Македонија
Македонската репрезентација по математика се враќа со еден бронзен медал од 54-тата Меѓународна математичка олимпијадa која се одржува од 18-ти до 28-ми Јули во Санта Марта, Колумбија. На олимпијадата учествуваа 547 средношколци од 103 земји. Нашата земја ја претставуваа 6 ученици: Бојан Серафимов, Васил Кузевски, Јован Тасев, Мартин Јосифоски, Антониј Мијоски и Никола Грунчевски, како и лидерот на екипата Проф. Др. Весна Манова – Ераковиќ и заменик лидерот Проф. Др. Алекса Малчески. Медалот за Македонија го освои ученикот Бојан Серафимов, додека Јован Тасев освои пофалница за целосно решена задача. Најдобар успех во генерален пласман оствари репрезентацијата на Кина, пред Јужна Кореја и САД. Претходно на Балканската олимпијада во Аргос, Кипар, Македонија се закити со 4 медали од кои еден сребрен за Васил Кузевски и 3 бронзени за Антониј Мијоски, Никола Грунчевски и Марија Тепеѓозова. На Балканската олимпијада учество зедоа 10 земји од Балканот и 6 земји како гости од поширокиот регион.
bravo Bojan, sekoja cest!!!