Дури и Мис Америка си бара дечко преку интернет
Објавено  Jul 30, 2013
Нана Мериведер вели дека дури и Мис Америка некогаш може да биде осамена
Кога некој ќе ве убеди дека е добро да запознаете нови луѓе со помош на интернет и на екранот ви се појави слика од Мис Америка 2012, Нана Мериведер, сигурно првиот впечаток ви е дека се работи за лажен профил. До истиот заклучок дошле и повеќето машки корисници на апликацијата Tinder, кои гледале на нејзините слики со неверување и постојано ја прашувале девојката дали се работи за вистински профил. Се до моментот кога еден новинар на барање на свој пријател не решил да ја испита ситуацијата, и лично добил потврда дека Мис Америка ја користи апликацијата Tinder. Иако на сите нам ни делува необично тоа што една убава и успешна девојка бара познанства преку интернет, Нана Мериведер објаснува дека дури и Мис Америка некогаш може да биде осамена. Нана почнала да ја користи апликацијата на инсистирање на нејзин пријател и на почетокот не ја сфатила сериозно целата работа. Како поминувало времето на тоа почнала да гледа како на еден интересен и забавен начин да се запознаат луѓе, посебно во град како Њујорк, каде животот е многу динамичен и луѓето се претерано зафатени. Девојката сепак е скептична во однос на започнување на вистинска врска со некој што го сретнала на интернет. “Досега ми се допаднале два или три момци”- објаснува Нана, која сепак преферира старомоден начин на запознавање со мажите. Инаку Tinder е апликација за мобилен телефон која ви покажува слики од корисници со слични интереси во радиус од 80 километри. Корисникот може да покаже интерес за одредено лице ако му се допадни некоја слика. Ако две лица истовремено покажат интерес еден за друг можат да разменат пораки. За само неколку месеци постоење Тиндер, наводно, генерирал 75 милиони потенцијални парови.