Mакедонската династија Птолемаиди прикажана на антички римски мозаик

Објавено  Aug 24, 2013

Тагови: History of Macedonia, ancient mosaic of Palestrina, Alexander the Great, Историја на Македонија, Птолемаиди, Клеопатра, Cleopatra

Мозаикот од први век пне прикажува сцени од секојдневниот живот на жителите на долината на Нил

Познатиот Нилски мозаик, кој се чува во Палатата Барберини во италијанското гратче Палестрина, е еден од најубавите античко-римски мозаици и спаѓа во таканаречената група Нилски пејсажи настанати во еден период кога Римјаните биле фасцинирани од егзотичниот Египет и долината на реката Нил. Се смета дека мозаикот бил направен околу 100-та година пне и се до 17-ти век се наоѓал на оригиналната локација меѓу остатоците на античкиот град Пенестре, а потоа бил пренесен во Палатата Барберини во сопственост на истоимената фамилија, која денес е претворена во музеј.

Мозаикот прикажува сцени од секојдневниот живот на жителите на долината на Нил од Етиопија до Средоземно море. На неколку места на мозаикот можат да се забележат припадници на владејачката фамилија Птолемаиди, а на една сцена на која се прикажани во војничка униформа на еден од штитовите може да се види и македонското сонце. Македонската династија Птолемаиди владеела со Египет после смртта на Александар Македонски се до 30-та г.пне кога последниот владетел Клеопатра изврши самоубиство, а Египет целосно потпаднал под Римска власт.

              

 Нај гласани »    Овој месец    Вкyлно

Оди горе