10 грешки кои мажите ги прават кога им приоѓаат на жените
Објавено  Dec 09, 2013
Неколку совети за мажите
1. Не чекајте да биде сама за да ѝ пријдете. Најдобро е да се запознаете со неа кога е во друштво. Во спротивно ако започнете разговор, тогаш нејзините пријателки ќе ве прекинат кога ќе се вратат, а најверојатно и ќе ја одвлечат негде. На девојката и онака ќе и биде полесно да разговара со вас ако е дел од група и се чувствува сигурно. 2. Не го фокусирајте целото внимание на неа кога таа е во друштво. Разговарајте со нејзините пријателки и докажете дека се чувствувате удобно во групата и дека сте друштвен. Ако успеете да ги шармирате нејзините другарки, полесно ќе ви биде да ја освоите и нејзе. 3. Не плашете се да ѝ пријдеете само затоа што има мажи во групата. Тие можеби ѝ се пријателите, роднини или колеги. Во секој случај можете лесно да започнете разговор прво со мажите пред да го насочите вниманието кон неа. 4. Не зјапајте во неа повеќе од три секунди пред ѝ пријдете. Ако долго време се убедувате дали да започнете разговор, таа веројатно ќе го забележи тоа и ќе се чувствува непријатно. Колку подолго чекате, толку ќе биде полош резултатот. Иако некогаш е корисно прво да се воспостави визуелен контакт од далечина пред да ѝ пријдете, сепак има разлика меѓу “шмекање” и “манијачење”. 5. Не отворајте разговор со извинувања и избегнувајте фрази како "Извинете ", "Не сакам да ти сметам " и " Кажи ако ти сум досаден ", со нив не оставате добар впечаток, иако можеби сметате дека тоа е културно да се каже. 6. Избегнувајте да започнете разговор кој делува како интервју: “Од каде си”, ”Колку години имаш”,”Што работиш”,”Што имаш завршено”,”Што си во хороскоп ”... Овие прашања ги поставува скоро секое машко, а вие треба да оставите впечаток дека сте поинаков од другите. 7. Во тек на разговорот немојте да се обидувате да изнудите нејзино одобрување преку прашања и забелешки, како “Дали ти се допаѓам?” или “Што мислиш за мене?”, “Гледам дека не ти се свиѓам”. Човек што има самодоверба не поставува вакви прашања. Немојте посебно да давате изјави на самосожалување, мислејќи дека девојката ќе ве смета за чувствителен и ќе ви даде комплименти. 8 . Не давајте генерички комплименти со очекување да добиете нешто за возврат. Голем број девојки добиваат комплименти секој ден и најверојатно ќе ви одговорат со едноставно “фала” и ништо повеќе. Подобро би било девојката да ја оставите во неизвесност и да се прашува дали ви се допаѓа, мистеријата има голема вредност во човечките односи. Ако веќе морате да дадете комплимент нека биде тоа во врска со нешто друго, како нејзината работа, некој талент или стилот. 9. Кога разговарате со девојка бидете свесни за држењето на вашето тело. Застанете исправено, но релаксирано. Доколку сте до шанк можете да се потпирате на него. Ако има гласна музика, и вие сте тој што се навалува над девојката за да зборува, тогаш таа е во доминантна позиција. Ако разговарате, не стојте веднаш пред неа како да сте на почеток на бокс натпревар, тоа делува заканувачки. Ако сте во група не стојте надвор од нејзиното видно поле, позади неа, туку до неа без да се залепите за нејзиното тело, имајте предвид дека секој човек има личен простор кој не треба да го повредите. 10. Не плаќајте пијалок за девојка. На тој начин вие плаќате за нејзиното внимание. Иако сметате дека е непишано правило, вие не сте должен тоа да го правите, тоа не ве прави да изгледате ниту софистициран, ниту посебно “cool”. Дали ѝ се допаѓате или не на некоја девојка, тоа нема никаква врска со тоа дали ѝ сте понудиле пијалок. Фото: Image courtesy of photostock /FreeDigitalPhotos.net