Едноракиот ММА борец сеуште непоразен
Објавено  Dec 10, 2013
Хендикепот не го спречува Ник Њуел да биде еден од најдобрите борци во WSOF натпреварувањата во мешани боречки вештини.
27-годишниот Американец Ник Њуел е еден од најзабележителните борци во ММА светот, познат по тоа што има само една рака. Овој хендикеп не го спречува да биде еден од најдобрите борци во WSOF натпреварувањата. Имено, Њуел во својата кариера од 11 професионални борби е сеуште непоразен. Импресивен е и фактот што само една од 11-те борби ја завршил со судиска одлука, сите останати противници ги елиминирал уште во првата рунда. Сепак, не сите во овој спорт го делат неговиот ентузијазам. Според Њуел, голем број борци одбиваат да се наптреваруваат со него заради неговата ситуација. Инаку, Ник Њуел е роден со деформитет наречен конгенитална ампутација, а со боречки вештини почнал да се занимава во средно училиште кога станал дел од екипата во борење. Неговите почетоци во овој спорт биле исклучително тешки, а тој многу пати размислувал да се откаже, но сепак продолжил да се натпреварува заради охрабрувањата од неговата мајка. Во својата аматерска кариера како борач има околу 300 победи, а професионалната кариера во боречки вештини ја започнал во 2009-та година.