Фото на денот: Miesha Tate vs. Ronda Rousey
Објавено  Dec 25, 2013
UFC шампионот во мешани боречки вештини Ронда Роузи ќе се соочи овој викенд во Лас Вегас со главната конкурентка Миша Тејт во обид да ја одбрани титулата во бантам категорија.
Роузи ја освои титулата токму со победа против Тејт минатата година во промоцијата Strikeforce. Оттогаш меѓу нив се разви големо ривалство кое се преточи во вистинска медиумска војна со постојани препукувања и навреди. Двете конкурентки се познати по својот боречки талент и добриот физички изглед, поради што и се меѓу најбараните личности на интернет последниве месеци. Инаку шансите за победа во овој меч се на страната на шампионот Роузи која, благодарение на своите извонредни познавања на џудо, е непоразена во досегашната кариера и ги има совладано сите противнички уште во првата рунда.