Џина Карано се враќа на натпреварувањата во боречки вештини

Објавено  Jul 25, 2014

Тагови: Gina Carano, Ronda Rousey, UFC, MMA, Banthamwight, Octagon

Нејзината прва борба против шампионот во бантам категорија Ронда Роузи доаѓа после 5 години пауза.

Познатата холивуска актерка Џина Карано (Gina Carano), која ја започна својата кариера како натпреварувач во боречки вештини, најверојатно ќе направи камбек во светот на боречките вештини до крајот на оваа година или почетокот на наредната. Карано моментално е во преговори со претседателот на UFC промоцијата во мешани боречки вештини за договор за неколку борби од кои една би била и за титула во бантам категорија. Интересот околу оваа борба е огромен и покрај фактот што Карано е надвор од натпреварувањата веќе 5 години.

На врвот на нејзината кариера, Карано беше шампион во Strikeforce промоцијата, но ја загуби титулата со нокаут, по што ја заврши натпреварувачката кариера. После тоа Карано изгради успешна холивудска кариера со улоги во неколку хитови, меѓу кои и Haywire на Стивен Содерберг, како и Fast & Furious 6.

Вистинските фанови на боречките вештини се противат на идејата на Карано веднаш да ѝ се даде борба за титула, од причини што таа не е во натпреварувачка форма, а покрај тоа нејзината противничка, шампионката Ронда Роузи (Ronda Rousey) е непоразена и ги завршува сите борби во само неколку секунди. Фановите сметаат дека Роузи премногу лесно ќе ја порази Карано, а тоа ќе ги девалвира женските боречки напреварувања, кои и онака се борат за респект од публиката. Сепак, искушението да се организира борба меѓу овие две девојки, кои покрај одличните боречки способности се познати и по убавиот изглед, е преголем за да биде игнориран од промоторите.

Photo credit Michael Dunn

Some rights reserved

(Images have been altered)

              

 Нај гласани »    Овој месец    Вкyлно

Оди горе