Пештера од кристали во Мексико
Објавено  Sep 02, 2014
Овие огромни кристали од гипс со дијаметар поголем од еден метар се пронајдени во рудникот Наика во Мексико во 2000-та година.
Пештерата била откриена случајно, кога рударите ја испумпале водата од комората заради рударски ископувања. Она што го виделе е исклучително ретка појава која тешко може да се реплицира дури и во лабораториски услови. “Во Наика се исполнети неколку различни геолошки услови кои овозможуваат формирање на вакви гигантски кристали” - објаснува професорот Хуан Мануел Гарсија-Руиз, кој ја истражува пештерата. Во водата постојат два различни минерали, извор на топлина, а целиот процес траел илјадници години. Откако е испумпана водата од пештерата растењето на кристалите за жал е запрено. (За разгледување на сликите притиснете на стрелките) Image credit: DCL