Видео: Вертикални висечки градини за храна за пренаселените земји
Објавено  Sep 14, 2014
Тоа се големи пловечки структури за одгледување на разни земјоделски култури по вертикала
Сингапур има приближно 5,4 милиони жители сместени во 716 квадратни километри, што го прави една од најгусто населените земји на светот. Оваа земја, со територија околу 35 пати помала од Македонија, не поседува доволно простор за земјоделско производство и поради тоа над 90% од потребната храна ја обезбедува од увоз, што од своја страна ја прави храната исклучително скапа. За земјите како Сингапур сепак постои светло на крајот од тунелот. Архитектонското студио Forward Thinking Architecture од Барцелона претстави дизајн на големи лебдечки структури во L-облик кои обезбедуваат доволно простор за одгледување на разни земјоделски култури по вертикала. Целиот план предвидувa еднa голема мрежа од висечки градини распоредени околу Сингапур. Системот е дизајниран да биде неверојатно ефикасен - објектите се ориентирани така што максимално ја искористуваат сончевата светлина, а нивниот географски распоредот обезбедува ефикасен транспорт до локалните пазари, а со тоа и минимална продукција на отпад. Сличен систем на таканаречени Динамички Вертикални Мрежи, составен од ротирачки платформи кои ја следат сончевата светлина, ѝ беше предложен на Кина во 2013-та година. Најголемиот дел од производството на храна во Кина доаѓа од внатрешноста на земјата. Предноста на овој систем е што ќе овозможи земјоделско производство во близина на големите градови, а тоа значително би ја намалило цената на производите и градовите би добиле пристап до свежа храна. (Текстот не е лекториран) Photo credit: Forward Thinking Architecture