Западна Австралија уште во 1933-та изгласала отцепување од Комонвелтот

Објавено  Sep 16, 2014

Тагови: West Australia referendum 1993, Secession, Commonwealth, Great Britain, Австралија

Британскиот парламент не ги признал резултатите затоа што референдумот не бил организиран од Федералната влада на Австралија

Малку познат факт е дека на 8-ми Април 1933-та година Западна Австралија, една од конститутивните единки на државата Австралија, одржа референдум за отцепување од Британскиот Комонвелт. Дури 66% од гласачите се изјасниле позитивно на референдумот. По ова прашање бил формиран и комитет во Британскиот Парламент кој не ги признал резултатите од причини што, според Статутот на Вестминстер, ваков референдум може да организира само Австралиската федерална влада.

Интересот за отцепување се намалил откако на наредните избори во Западна Австралија победила Лабуристичката партија, која водела анти-сецесионистичка политика. Сепак, и ден-денес во Западна Австралија е актуелна идејата за самостојност, но едноставно од економски причини. Имено, жителите на Западна Австралија сметаат дека државата премногу вложува во големите градови како Сиднеј и Мелбурн, додека западот е дискриминиран по ова прашање. Приказната звучи познато.

(Текстот не е лекториран)

Image: commons.wikimedia.org, photo by NASA

              

 Нај гласани »    Овој месец    Вкyлно

Оди горе