Кинезите поставиле автоматски екстрактор на сперма во болница
Објавено  Sep 22, 2014
Ако негогаш се сомневавте во кинеската инвентивност ова веројатно ќе ве убеди во спротивното
Една кинеска болница во градот Нанџинг воведе нова машина која ја прави донацијата на сперма дури полесна отколку што претходно сте знаеле. Последниот збор на кинеската технологија е автоматски екстрактор на сперма. Најважниот дел на оваа машина е една цевка за масажа која може да се прилагоди на висината на корисникот, а најверојатно и на должината. Корисникот може да ја контролира фреквенцијата, интензитетот, па дури и температурата на цевката, а за оние кои не се доволно инспирирани машината е опремена со мал екран на кој може да се гледа филм. Според директорот на болницата машината е дизајнирана да им помогне на пациентите кои имаат потешкотии да донираат сперма на старомоден начин. Засега нема информации дали пациентите се задоволни од услугата, но сепак мора да се поздрават напорите на надлежните кои мислеле и за доброто на народот. Погледнете видео од машината (без муштерија):