Видео: Погледнете што може да направи една капка змиски отров на човечка крв
Објавено  Sep 22, 2014
Од 2700 познати видови на змии само околу 30-тина се доволно отровни да го загрозат животот на човекот
На видеото е прикажано како реагира човечка крв при контакт со отровот на змијата со латинско име Daboia russelii. Оваа змија е одговорна за илјадници смртни случаи секоја година. Иако постои ефикасен противотров, фактот што повеќето каснувања се случуваат во руралните средини значи дека голем дел од жртвите нема да преживеат доволно долго да примат серум. Веднаш по каснувањето се јавува силна болка на местото на убодот, а после неколку минути се појавува крв на устата на жртвата и крвниот притисок знажително паѓа. Кај речиси една третина од нетретираните случаи се јавува згрутчување на крвта од кое можат да откажат бубрезите и други органи, а во крајна линија и да настане смрт. Погледнете го ова видео кое прикажува што може една капка отров да направи на крвта: Image credit Youtube