Коментар: Денко Малески го оправдува амбасадорот Бејли за навредливиот говор
Објавено  Sep 24, 2014
Новиот америкaнски амбасадор Бејли изјави дека во Македонија живеат Албанци и Словени, наместо Македонци, по што следуваше протестна нота од Министерството за надворешни работи на Македонија
По повод инцидентот што ги разгоре страстите во Македонија професорот Денко Малески излезе со свој став: “Тоа е дел од универзитетското образование кое го стекнуваат во светот, а не е политика. И мислам дека со оваа изјава Американците погодуваат во суштината на спорот меѓу Грција и Македонија, а тоа е прашањето на идентитетот, а не прашањето на името. Останува да се види дали е тоа конзистентна американска политика до која амбасадорот ќе се држи, или пак САД ќе се повлечат од активно барање решение за спорот. Треба да се има предвид дека амбасадорот завршил на Јејл колеџот, а магистрирал на Колумбија. Тоа исто така треба да се знае, дека тој нема да се откаже од своето знаење стекнато таму, поради образложението на Македонски манифест или протестот на МНР, тоа треба да бидеме убедени“ . Ако дел од изјавата делува како реален осврт на целата ситуација, последните забелешки се катастрофални и недолични за личност како Малески. Невозможно е да се оправда навреда на еден цел народ со образованието кое на амбасадорот го стекнал на Јеил. Не е спорно дека станува збор за навреда од причини што Словени не е име на народ, туку на група народи, а поединечните народи во ова група имаат свој идентитет. Во изјавата амбасадорот набројува народи кои живеат во Македонија и покрај Албанците спомнува и Словени, што значи тука не станува збор за потекло или нешто слично, туку едноставно за народ кој е идентификуван како Словени. Тоа само по себе претставува бришење на посебноста на македонскиот народ. Кога сте слушнале последен пат во американскиот попис наместо Пољаци да стои името Словени? Сигурно и Пољаците би биле навредени ако нивниот идентитет е заменет со Словенски, иако по потекло се Словени. Изјавата според американскиот жаргон би била квалификувана како расиситичка навреда. Дали се работи за политика или незнаење од страна на амбасадорот не е никакво оправдување. На кој универзитет студирал човекот е уште помалку важно. И покрај тоа, Малески смета дека амбасадорот Бејли “нема да се откаже од своето знаење”. Новото време налага амбасадорот да се откаже од своето знаење ако тоа е застарено, навредливо и недостојно на неговата функција. Голем дел од денешните американски политичари растеле во време на расна сегрегација во САД, а некои од нив учеле во образовен систем кој ги сметал Афро-американците за граѓани од втор ред. Сепак тие се откажале од политиките и "знаењата" кои не се компатибилни со современото американско општество. Секој ваков испад со навреда на било која етничка заедница во САД би значело крај на кариерата на еден политичар и негово трајно жигосување. Сепак, сето тоа е во ред кога се работи за Македонскиот народ, па дури ќе се најде и по некој Македонец, како Денко Малески да ни објасни зошто е тоа оправдано А дали Унверзитетите Јеил и Колумбија го застапуваат ставот Македонците да се нарекуваат само Словени, тоа не е на Денко Малески да каже. (Текстот не е лекториран)
Само полтронски тип на човек може да искаже вакво размислување кога го навредуваат !
prvo ; amerikancite ne naucile i na pedstizni ucilista za svojata istorija a ne za nasata bideeki celata istorija im e kaobojci i indijanci vo sporedba so nasata istorija e isto no vo obratna smisla vo goleminata na usa so mkd vo povrsina.