Ќе се снимаат нови продолженија од култната серија Twin Peaks
Објавено  Oct 06, 2014
Култната серија од 90-тите добива продолженија после 25 години пауза, според креаторот Дејвид Линч
Tрилер серијата во која специјален агент на ФБИ го испитува мистериозното убиство на Лора Палмер во едно мало американско гратче, стана преку ноќ популарна во 1990-та година. Серијата траеше само две сезони, а голем дел од глумците после тоа изградија успешни кариери, како Лара Флин Бојл, Шерилин Фен, Дејвид Духовни и тн. Снимањето на новите епизоди го објави продуцентот Дејвид Линч преку Твитер. Новата серија ќе се емитува во 2016-та година, а ќе се состои од само 9 епизоди кои ќе бидат напишани и продуцирани од оригиналните кратори Линч и Фрост. Инаку, серијата има освоено два Златни глобуса, за дајдобра драма и најдобар глумец за Кајл Меклахлан, кој го толкуваше ликот на агентот Дејл Купер. Во 1992-ра година серијата доби и помалку успешно продолжение во вид на игран филм, кој не беше добро примен од публиката ниту критичарите. На Youtube веќе почна да се врти кратко промотивно видео. Да се потсетиме како изгледаше Твин Пикс пред 25 години. (Текстот не е лекториран)