Форбс ги објави највредните брендови во спортот. Најки на прво место, меѓу спортистите највреден Леброн Џејмс

Објавено  Oct 10, 2014

Тагови: Forbes fab 40, бренд, екипа, спортисти, спортска опрема, ТВ канал

Листата е правена според вредноста на одреден бренд на американсиот пазар и не мора да се поклопува со вредноста на светскиот пазар

Престижното американско списание Форбс ја објави листата на 40 највредни брендови во спортот. Листата се објавува од 2007-ма година навака. Вредноста на брендот се одредува со споредба на вкупниот бизнис што го генерира една компанија или лице, споредено со другите компанија кои имаат иста вредност на пазарот. Така ако двајца спортисти се исто платени, а едниот од нив заработува многу повеќе од реклами и промоции, тогаш тој има поголема вредност како бренд.

И оваа година највреден бренд е компанијата Најки која има вредност од 19 милијарди долари само како бренд. На второ место е американсиот ТВ канал ESPN, пред германската компанија Адидас.

Инаку Форбс ги рангира најдобрите 10 брендови во 4 различни категории: бизниси, тимови, спортисти и настани. Според, таа листа највреден бренд има бејзбол тимот New York Yankees, пред Реал Мадрид и Барселона, највреден спротист е Леброн Џејмс, а највреден настан американскиот Супербол, пред Олимписките игри и Светското првенство во фудбал. Веројатно листата би изгледала поинаку ако е направена за европскиот пазар. Погледнетеја целосната листа:

Екипи:

1.New York Yankees (бејзбол)

2.Real Madrid

3.Barcelona

4.Dallas Cowboys (американски фудбал)

5.Manchester United

6.New England Patriots (американски фудбал)

7.Bayern Munich

8.Los Angeles Dodgers (бејзбол)

9.Boston Red Sox

10.Los Angeles Lakers

Спортисти

1.Lebron James

2.Tiger Woods (голф)

3.Roger Federer

4.Phil Mickelson (голф)

5.Mahendra Singh Dhoni (крикет)

6.Usain Bolt

7.Cristiano Ronaldo

8.Kobe Bryant

9.Lionel Messi

10.Rafael Nadal

Настани:

1.Super bowl (американски фудбал)

2.Summer Olympics

3.Winter Olympics

4.FIFA worlds cup

5.NCAA Men's Final Four (универзитетска кошарка)

6.UEFA Champions League

7.MLB World Series (бејзбол)

8.WrestleMania

9.Daytona 500 (автомобилизам)

10.Kentucky Derby (коњички спортови)

Бизниси:

1.Nike

2.ESPN (ТВ канал)

3.Adidas

4.Sky sports (ТВ канал)

5.Under armour (Спортска опрема)

6.Reebok

7.YES (ТВ канал)

8.NESN (ТВ)

9.MLBAM (Опрема)

10.UFC (промоција во мешани боречки вештини)

Image commons.wikimedia.org

              

 Нај гласани »    Овој месец    Вкyлно

Оди горе