Видео: Збунета змија се јаде самата себе

Објавено  Nov 10, 2014

Тагови: природа, змија, биологија

Змиите се ладнокрвни животни, што значи тие не можат да ја регулираат својата телесна температура, туку им е потребен надворешнен извор на топлина, како сонце или ламба, за да се затоплат. Но, кога е премногу жешко тие не се во состојба да се потат и заради тоа мора да најдат засолниште под сенка.

Ако на змиите им е премногу жешко тие стануваат збунети и дезориентирани, им се забрзува метаболизмот и добиваат лажно чувство на глад и желба да го изедат првото нешто на кое ќе налетаат. Ако змијата живее во заробеништво и нема постојан дотур на храна, во најлош случај ќе проба да се изеде самата себе.

Ако ова се случи на домашно милениче, тогаш исклучување на изворот на топлина и разладување со вода може да ја откаже змијата од намерата. Сепак, во многу случаи тоа нема да помогне, бидејќи змијата е експерт за наоѓање на храна, па ако реши нешто да изеде веројатно и ќе успее во тоа.

Луѓето кои го снимиле ова видео, не се потрудиле нешто посебно да ѝ помогнат на змијата, а изгледа и дека добро се забавувале за време на настанот. Не е познато дали змијата го преживеа инцидентот.

Текстот не е лекториран



Image still from the youtube video

              

 Нај гласани »    Овој месец    Вкyлно

Оди горе