Пекинг ќе биде домаќин на зимските олимписки игри во 2022-ра

Објавено  Jul 31, 2015

Тагови: Beijing 2022, winter olympics 2022, зимски олимписки игри

Во изборот на домаќин на игрите Пекинг го победи Казахстанскиот град Алмати

Пекинг, кој претходно беше домаќин на летните олимписки игри во 2008-ма година, ќе стане првиот град кој бил домаќин и на летните и на зимските игри. И Пекинг и Алмати беа сметани за аутсајдери во овој избор, но откако неколку европски градови, меѓу кои Стокхолм и Осло, се откажаа од организацијата, двата града станаа најсериозни кандидати.

Критичарите велат дека организацијата на олимписки игри не се исплаќа и дека сета инфраструктура изградена за претходите игри во Атина, Пекинг и Лондон е претвореа во руини. Едноставно има премогу објекти на кои не може да им се најде друга намена. Најверојатно интересот за организација во иднина ќе опаѓа, освен кај земјите кои имаат нешто да докажат политички, како Кина и Казахстан. И градот Бостон беше еден од раните кандидати, меѓутоа иницијаторите сфатија дека без силна подршка на цетралната влада и целата држава, нема да го добијат натпреварот.

Пекинг го нема тој проблем. Организацијата на игрите ќе чии 1.5 милијарди долари. Голем дел од тоа ќе покрие државата, а додатни 880 милиони организаторот ќе добие од Меѓународниот олимписки комитет. За споредба, за организација на игрите во Сочи беа потребни 51 милијарда долари. Но, Пекинг веќе има изградено голем дел од потребната инфраструктура заради игрите во 2008-мата година, вклучително и познатото Птичјо гнездо кое повторно ќе биде домаќин на отворањето на игрите.

              

 Нај гласани »    Овој месец    Вкyлно

Оди горе