Двајца мажи се обиделе да ограбат жена, не знаеле дека е експерт за боречки вештини
Објавено  Sep 03, 2015
Моник Бастос од Акаиладиа, Бразил одела на тренинг по Џиу Џицу со две пријателки кога двајца мажи ја нападнале
Според сведоците, двајцата напаѓачи пристигнале на мотор и се обиделе да им ги одземат мобилните телефони на жените. Моник решително се спротиставила, поради што напаѓачите се откажале и се качиле на мотор за да побегнат. Девојката со една рака го подигнала задното тркало од моторот, пришто крадците паднале на земја. Едниот од нив успеал да побегне, додека Моник Бастос успеала да го зароби другиот и да го држи додека не пристигне полицијата. За срамот да биде поголем некој го снимил целиот настан на мобилен, а на симката се гледа како напаѓачот моли за помош. Инаку Моник Бастос е професионален борец по мешани боречки вештини, а ова е втор пат како некој се обидува да ја нападне. И претходниот напад завршил со сличен резултат.