Отровот на бразилската оса ги убива клетките на ракот
Објавено  Sep 03, 2015
Отровот наречен MP1 (Polybia-MP1) ги напаѓа само клетките на ракот, без да ги уништи здравите клетки
Според најновите истражувања отровот MP1 (Polybia-MP1) селективно ги елиминира канцерогените клетки преку интеракција со липидите кои се наоѓаат во клеточната мембрана. При овој процес се отвораат доволно големи дупки во мембраната да многу суштински молекули за животот на клетката, како протеините, истекуваат од неа. Според професорот Пол Билс од Универзитетот во Лидс, кој е автор на оваа студија, ова е сосема нов тип на терапија за рак, која може да се користи во комбинација со други лекарства кои симултано би напаѓале различни делови од клетките на ракот. Отровот го прозведува осата наречена Polybia paulista. Photo credit: Wasp close up. Attila Fodemesi/Shutterstock