"Дипломатот" Ванхауте со навредлив пост: Македонија сопственост на Грција
Објавено  Oct 25, 2015
Постот е објавен пред една година на профилот на Ванхауте
На Facebook профилот на Петер Ванхауте до пред некое време можеше да се види пост објавен на 15.11 2014-та година на кој Ванхауте напишал дека иднината за Македонија е да биде сопственост на Грција. Ова го илустрирал со слика од знак поставен негде во Грузија. Иако постот го објавил пред да биде назначен за олеснувач во преговорите за договорот од Пржино, сепак ваквите изјави не доликуваат на еден дипломат, ако човекот воопшто може да се нарече така. Симптоматично е тоа што Брисел упорно ни испраќа дипломати со изразено анти-македонско убедување. Останува да видиме дали Ванхауте ќе даде извинување, или барем објасување, за постот, или воопшто нема да осети потреба да се обаснува со, за него, "помалку значајните форми на живот". Засега нема никаква реакција од Владата и Министерството за надворешни работи. Иако инцидентот е доволно тежок Ванхауте да биде прогласен за персона нон грата, не е многу веројатно Владата да повлече ваков потег во текот на преговорите. Сепак, неопходно е да се ипрати барем протестна нота до Брисел со порака дека ваквите инциденти не смеат да се повторуваат.
Абе сликата не го вели тоа?! WTF!!!! Ова е непотребна плитка пропаганда пласирана од провладината пропагандна машинерија. Ова го очекував кај Миленко и Мирка на профил а не овде.