Обама конечно призна дека Америка се меша во туѓи работи

Објавено  May 01, 2016

Тагови: Barack Obama, Саудиска Арабија, Америка

“Ние сме најголемата суперсила на светот, ние сме насекаде и се мешаме во туѓи работи постојано”-изјави Обама

Барак Обама даде неочекуван одговор на прашање во врска со новиот закон во американскиот Конгрес кој ќе овозможи на семејствата на жртвите од нападите на 11-ти Септември да ги тужат странските влади, за кои сметаат дека се вмешани во организацијата на нападите. Барак Обама изјави дека се противи на овој закон:

“Ако ја отвориме можноста лица од САД да можат да тужат странски влади, тогаш ја отвораме можноста и САД да бидат постојано тужени од странски лица. Тоа би било лош преседан затоа што ние сме најголемата суперсила во светот, ние сме насекаде и се мешаме во туѓи работи постојано. Ако се доведеме во ситуација да не извадат пред разни судови заради тврдење дека сме повредиле некого, тогаш тоа би ни ги врзало рацете и би им наштетило на нашите војници, дипломати итн...”

Новиот закон, кој главно ја засега Владата на Саудиска Арабија, се закануваа да им наштети на и онака влошените односи меѓу Обама и Саудиската владејачка фамилија. При последната посета на Ријад, кралот Салман одби официјално да го пречека Претседателот на САД, а наместо тоа на аеродромот во Ријад, Обама беше пречекан од пониски чиновници во Владата. Претходно, заканите за објавување на информации кои ја поврзуваат кралската фамилија со нападите од 11-ти Септември предизвикаа остри реакции од Ријад кој најави дека ќе повлече голем дел од своите финансии од САД, што би предизвикало можно рушење на доларот како меѓународна валута. За да ја смири ситуацијата Обама изјави дека ќе постави вето на сите обиди да се усвои законот за одговорност на странските влади. Сепак, не е јасно дали Обама ќе го блокира и објавувањето на контроверзните информации од 2001-ва година.

              

 Нај гласани »    Овој месец    Вкyлно

Оди горе