Македонски графит на Берлинскиот ѕид

Објавено  Jul 06, 2013

Тагови: Графити, Berlin wall graffiti art, Берлински ѕид

На една фотографија од рушењето на Берлинскиот ѕид може да се види графит на македонски јазик

Ништо не ги симболизира поделбите кои настанаа во Европа по втората светска војна подобро од Берлинскиот ѕид. Додека за жителите на Источен Берлин секое приближување до ѕидот значеше скоро сигурна смрт, за младите од западната страна Берлинскиот ѕид претставуваше едно огромно сликарско платно на кое тие исцртаа илјадници графити, покривајќи го на тој начин сивилото на бетонот со вистински уметнички дела и лични пораки.

На една од фотографиите кои ги прикажуваат последните моменти од неславната историја на Берлинскиот ѕид може да се види, за нас, интересен графит на кој на македонски јазик, со големи букви стои “ДАНИ ТЕ САКАМ!”. Не можеме да знаеме од оваа дистанца кој го напишал овој графит, ниту која била девојката што ја сакал, но сепак мора малку да им завидуваме што имале среќа еден историски момент да ја овековечи нивната љубов.

              

 Нај гласани »    Овој месец    Вкyлно

Оди горе