Интересен артефакт со македонска иконографија во Авганистан

Објавено  Nov 27, 2013

Тагови: Ai-Khanoum, Bactria, Alexander the Great, Star of Vergina, Македонско сонце

Медаљон од 2-ри век пред новата ера од областа Бактрија

На сликата е прикажан кружен медаљон пронајден во градот Аи-Каноум кој се наоѓа во северен Авганистан, во регионот порано нарекуван Бактрија. На медаљонот е прикажана божицата Кибела на кочија која ја влечат лавови, како стои пред олтар на кој свештеничка принесува жртва. Во оваа сцена јасно е видливо 16-кракото македонско сонце веднаш до младата месечина, која била значаен симбол и божество во овој регион. Ритуалот го набљудува богот на сонцето кој носи круна од сончеви зраци.

Инаку градот Аи-Каноум веројатно се наоѓа на локацијата на еден од многуте градови изградени и именувани Александрија од страна на Александар Македонски во текот на освојувањето на Персија. После смртта на Александар, овој регион бил значаен културен центар и бил под силно влијание на македонската и западната култура. Регионот бил во склоп на државата на Селеук Први, еден од генералите на Александар, се до 250г.пне кога сатрапот Диодот Први се прогласил за крал. Според пишувањето на историчарот Јустин, овој потег ги охрабрил и другите народи од истокот “да прогласат независност од Македонците” (Justin, XLI,4).

              

 Нај гласани »    Овој месец    Вкyлно

Оди горе