До средината на 2015-та ќе има 20 000 заболени од Ебола
Објавено  Oct 03, 2014
Најголемата досега епидемија на Ебола одзеде околу 1500 животи, а заразени се вкупно 3000 луѓе
Светската здравствена организација (СЗО) објави временска рамка според која до средината на наредната година треба да се стави крај на епидемијата на Ебола која беснее во Западна Африка. Остварувањето на потребните цели ќе ја чини ова организација околу 490 милиони долари. Сепак вкупната бројка може да биде и значително поголема ако се земе предвид дека постојат голем број нерегистрирани случаи на заразени од вирусот. Бројот на заразени може да биде и два до четири пати повисок, па така горната граница на заболени во предвидениот период се очекува да достигне 20.000 пациенти. Главната цел на СЗО е да се изолира вирусот во областите кои се погодени од епидемијата и да се делува локално. Во меѓувреме, се дијагностицирани и првите заболени од Ебола на територијата на САД. Двајцата Американци кои се заразија за време на мисија во Либерија, добија соодветен третман и беа отпуштени од болница. Американските надлежни институции држат во карантин уште 80 лица за кои се сомневаат дека биле во контакт со заболени од Ебола. Експертите сметаат дека е многу мала веројатноста високо развиените земји да бидат зафатени од оваа епидемија. Photo credit: © EC/ECHO, CC-BY-ND 2.0