Младински шаховски турнир во Охрид

Објавено  Oct 03, 2016

Тагови: шах, турнир, Охрид

Меѓународниот младински шаховски турнир ќе се одржи од 07 до 11 Октомври 2016-та година во просториите на хотел „Далјан“ во Охрид

Организатор на турнирот е шаховската школа „Ласкер“. На турнирот ќе земат учество шахисти на возраст од седум до осумнаесет години. До овој момент се пријавени 64 учесници од 5 шаховски федерации. Најбројна е секако македонската федерација со 45 деца, бугарската ја преставуваат 11, од Србија доаѓаат две деца, додека Албанија и Турција имаат по три натпреварувачи.

Организаторот обезбеди 15 парични награди со вкупна вредност од 26.000 денари, пехари и медали за победниците и освојувачите на награди по категории, како и пригодни подароци за сите учесници. Турнирот се рејтингува според правилата на светската шаховска федерација (ФИДЕ), а судии ќе бидат интернационалниот арбитер Иван Кочовски и Фиде арбитерот Сашко Лакински.

За детални информации кликни на сликата:

Lasker-oglas

              

 Нај гласани »    Овој месец    Вкyлно

Оди горе