Герет Бејл ќе игра против Македонија

Објавено  Aug 29, 2013

Тагови: Светско првенство 2014, FIFA World cup 2014, Gareth Bale, Goran Pandev, Macedonia national fudball team

Селекторот на Велс Крис Колман го повика Бејл за претстојните натпревари со Македонија и Србија

Ѕвездата на Тотенхам Герет Бејл, кој се наоѓа пред рекорден трансфер во Реал Мадрид, сепак ќе биде дел од репрезентацијата на Велс на претстојнион меч со Македонија на 6-ти септември во Скопје. 24-годишниот Бејл го пропушти пријателскиот натпревар со Република Ирска во Кардиф на почетокот на месецот заради повреда на стапалото.

Само неколку дена после средбата со Велс, Македонија ѝ гостува на Шкотска на 10-ти септември. Нашата репрезентација со 4 поени го зазема последното место во групата А, од одиграни 6 натпревари колку и Велс. На прво место во нашата група се наоѓа Белгија со 19 поени од 7 одиграни средби, потоа следуваат Хрватска со 16, Србија 7, Велс 6 (од 6 одиграни), Шкотска 5 и Македонија со 4 поени (од 6 одиграни).

              

 Нај гласани »    Овој месец    Вкyлно

Оди горе