Интересна фотографија: Хитлер разгледува спомен плоча на Гаврило Принцип

Објавено  Nov 22, 2013

Тагови: Adolf Hitler, Gavrilo Princip, Young Bosnia, World war I, Iron cross

Хитлер ја добил плочата како роденденски подарок од неговата војска

На оваа фотографија се гледа Хитлер како разгледува спомен плоча посветена на Гаврило Принцип, човекот кој го застрела Австро-Унгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд. Овој настан послужи како повод за напад на Автро-Унгарската империја врз Србија, со што официјално започна Првата светска војна. Гаврило Принцип бил член на организацијата "Млада Босна" која се залагала за ослободување на Босна од Австро-Унгарската окупација. Спомен плочата се наоѓала во Сараево на точната локација на атентатот се до окупацијата на Југославија од страна на Германија во Втората светска војна. За Хитлер, кој е роден Австриец, оваа плоча имала симболичко значење поради фактот што тој зел учество во Првата светска војна како војник во Армијата на Баварија, пришто бил одликуван и со Железен крст.

              

 Нај гласани »    Овој месец    Вкyлно

Оди горе